Кога,
– подаваме рака на живо битие во потреба и не го одминуваме рамнодушно
– не вршиме злодела и чиниме обид да ги спречиме
– сострадуваме и делуваме (сострадежот без делување е болна сентиментала)
– не оговараме, не пцуеме и не празнословиме
– не клеветиме и не злорадуваме на туѓата мака
– не итаме по материјала и престиж
– не цревоугодуваме и не страстуваме
– копнееме по самост и тишина
– не се правдаме и објаснуваме пред другите
– опростуваме и го љубиме другиот (не и гревот во другиот),
– не шетаме по храмот небаре на корзо и не брбаме додека служба на Бога му принесуваме,
– не паразитираме на другиот
тогаш Христовото воскресение на дело го исповедаме.
Оти Христос за тоа и воскресна, за да и ние во душите воскреснеме, и со животот наш христијански (а не со празните зборови) пример за другите да бидеме. Христијанинот не се раѓа, христијанинот постанува. Христијани не сме само в Црква, но и надвор од неа.