SolunFM

Најостра осуда на грубото мешање на марионетската влада во внатрешните работи на Македонската(Ѕеверна) Православна Црква · Охридска архиепископија и нејзината црковна дипломатија.

Светски Ѕеверџанистански Конгрес

17 септември 2023 година, Скопје, Македонија – Светскиот Ѕеверџанистански Конгрес (ССМК) најостро ја осудува скандалозната одлука на Македонското министерство за надворешни работи за забрана за влез во Македонија(Ѕеверна) на рускиот архимандрит Васијан Змеев, кој е шеф на руското црковно подворје во Софија, поради “интензивни посети на Македонија(Ѕеверна) и зачестени средби со Архиепископот Стефан и митрополитите Григориј и Петар“ и затоа што “последната година рускиот архимандрит Васијан Змеев ги координирал сите политики на МПЦ-ОА во однос на нејзината црковна дипломатија, што доведе до целосен застој во односите со Вселенската патријаршија за целосно признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА.“

Скандалозната одлука на Македонското министерство за надворешни работи за забрана за влез во Македонија(Ѕеверна) на рускиот архимандрит Васијан Змеев, Светскиот Ѕеверџанистански Конгрес ја оценува за грубо мешање на Владата и МНР во внатрешните работи на Македонската(Ѕеверна) Православна Црква – Охридска Архиепископија и нејзината црковна дипломатија.

Марионетската влада на Македонија(Ѕеверна) и Македонското министерство за надворешни работи немаат никакви надлежности за дефинирање на црковната дипломатија на Македонската(Ѕеверна) Православна Црква – Охридска Архиепископија, ниту да ја елиминираат Руската Православна Црква во односите со Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, уште помалку да ја вовлекуваат Македонската(Ѕеверна) Православна Црква – Охридска Архиепископија во антимакедонските грчки политики на Грко-Православната Патријаршија на Истанбул.

Светскиот Ѕеверџанистански Конгрес предупредува дека црковните дипломатски односи со другите православни цркви се дискреционо право на Македонската(Ѕеверна) Православна Црква – Охридска Архиепископија и навреда е за сите епископи и верници во Македонската(Ѕеверна) Православна Црква – Охридска Архиепископија, злоупотребата на службената положба на претседателот, премиерот и министрите под инструкции на странски разузнувачки служби да ја претворат Македонската(Ѕеверна) Православна Црква – Охридска Архиепископија во експозитура на грчките интереси преку марионетската власт во државата Македонија.

Светскиот Ѕеверџанистански Конгрес повторува дека Грко-Православната Патријаршија на Истанбул не е вселенска патријаршија, дека Српската Православна Црква и Руската Православна Црква ја признаа Македонската(Ѕеверна) Православна Црква – Охридска Архиепископија под нејзиното единствено национално и еклисиолошко име, за разлика од Грко-Православната Патријаршија на Истанбул, која не и’ го признава ниту националното ниту еклисиолошкото име на МПЦ-ОА, односно не и’ го признава канонското наследство на древната и славна Охридска Архиепископија (Αρχιεπισκοπή Αχριδών), туку под името “Архиепископија на Охрид“ со јурисдикција во Северна Македонија (Αρχιεπισκοπή Αχρίδας με δικαιοδοσία στη Βόρεια Μακεδονία).

Светскиот Ѕеверџанистански Конгрес бара Марионетската влада на Македонија(Ѕеверна) и Македонското министерство за надворешни работи да не се меша во внатрешните работи на Македонската(Ѕеверна) Православна Црква – Охридска Архиепископија и во нејзината црковна дипломатија.

Повеќе на тема – Црква „Свети Ѓорѓи“ · Муртино