26 септември 2023 година, Отава, Канада – Спикерот на Долниот дом на Канадскиот Парламент, Ентони Рота се најде на удар на критиките на јавноста, откако јавно го пофали украинскиот ветеран од Втората светска војна кој војувал против Русија, за кој се покажа дека всушност се борел за нацистите на Хитлер.
Ентони Рота, денес, четири дена после овој скандал си поднесе оставка, откако го покани човекот кој се борел за нацистите на Хитлер да присуствува на говорот на Украинскиот претседател Володимир Зеленски во Канадскиот парламент.
Ентони Рота го претстави Јарослав Хунка (98) пред канадските пратеници како канадски и украински воен херој “кој се борел за украинска независност против Русија“. Пратениците му упатија овации.
Подоцна се појави веста дека Јарослав Хунка служел во Првата украинска дивизија позната и како дивизија Вафен-СС Галиција, доброволна украинска единица под нацистичка команда.
Канадскиот премиер Џастин Трудо овој скандал го нарече “длабоко срамен“, а Ентони Рота подоцна се извини, велејќи дека не знаел за нацистичката врска на Јарослав Хунка.
Ентони Рота поднесе оставка по состанокот со партиските лидери, бидејќи сите го повикаа да замине од функцијата.
“Никој во овој дом не е над кој било од нас. Затоа морам да се повлечам од функцијата ваш претседател. Го повторувам моето длабоко жалење за мојата грешка заради поканата на поединец во Долниот дом на Канадскиот Парламент да присуствува на обраќањето во парламентот на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Оваа грешка предизвика реакции кај поединци и заедници, вклучително и од Еврејската заедница во Канада и низ целиот свет, како и од преживеаните од нацистите во Полска меѓу другите нации. Ја прифаќам целата одговорност за моите постапки“, – додаде Ентони Рота.
Владиниот лидер во Долниот дом, Карина Гулд, рече дека пратениците ја изгубиле довербата во Ентони Рота, бидејќи го поканил ветеранот Јарослав Хунка без да и’ каже на владата или на украинската делегација.
Повеќе на тема –
Јарослав Хунка, кој живее во изборната единица на Ентони Рота, се појави во парламентот во Отава на 22 септември, додека претседателот Зеленски држел говор.
За време на Втората светска војна, кога Украина беше дел од Советскиот Сојуз, некои украински националисти се приклучија на нацистичките единици, бидејќи ги сметале Германците за ослободители од советскиот јарем.
Повеќето аналитичари коментираа дека гафот на спикерот Ентони Рота ѝ донел на Русија пропагандна победа, откако Кремљ ја нарече епизодата “безобразна“ а имајќи ги предвид тврдења на рускиот претседател Владимир Путин дека руската воена операција во Украина има за цел денацификација на Украина.
извор: Скајњуз
Повеќе на тема – Канада: Парламентот се извини што му оддаде почит на поранешниот борец на СС