SolunFM

Израел отвори амбасада во Бахреин

Израел и Бахреин го слават историскиот чекор за дипломатијата на Блискиот Исток. Од понеделник, сега има и израелска амбасада во Манама. Двете држави сега сакаат да ја прошират својата соработка во областа на трговијата, туризмот и инвестициите.

Еврејскиот министер за надворешни работи Ел Коен и неговиот колега од Бахреин Абдулатиф бин Рашид Алзајани одржаа заедничка прес-конференција во Манама на 4 септември 2023 година.

Израел во понеделникот ја отвори својата амбасада во Бахреин. Ова стана можно откако двете држави од Блискиот Исток потпишаа мировен договор во средината на септември 2020 година. На церемонијата во главниот град на Бахреин Манама присуствуваа министрите за надворешни работи на двете држави, Ел Коен и Абдулатиф Бин Рашид Алзајани.

Според весникот Ерусалим Пост, Зајани инаугурацијата на израелската дипломатска мисија во неговата држава ја нарече историски чекор и уште една важна пресвртница во односите меѓу двете држави. Овој настан ја одразува заедничката посветеност за безбедноста и просперитетот на сите народи од регионот на Блискиот Исток.

Главниот дипломат на Бахреин беше сигурен дека билатералните односи можат да продолжат напред и покрај недостатокот на решение за палестинско-израелскиот конфликт досега.

За Коен, ова беше прва официјална посета на монархијата во Заливот. Отворањето на израелската амбасада во Манама е важен чекор кој што ќе биде не само во корист на Израел и Бахреин. Во исто време, безбедноста, стабилноста и просперитетот во регионот ќе се зголемат.

“Министерот за надворешни работи на Бахреин и јас се согласивме дека треба да работиме заедно за да го зголемиме бројот на директни летови, како и да го стимулираме туризмот, трговијата и инвестициите.”

Во 1971 година, како резултат на конфликтот на Блискиот Исток, Бахреин се приклучи на бојкотот на Арапската лига против Израел. Во 2005 година, како резултат на договорот за слободна трговија со Соединетите држави, кралството го напушти бојкотот, но сепак не го призна Израел како држава. Во средината на септември 2020 година, Бахреин и Обединетите Арапски Емирати склучија мировен договор со Израел под посредство на Соединетите држави. Подоцна, Судан и Мароко исто така најавија возобнонување на дипломатските односи со Израел. Меѓу арапските држави, само Египет и Јордан претходно одржуваа дипломатски односи со Израел.