SolunFM

Донации од Светскиот Македонски Конгрес

Историско сведоштво за македонскиот идентитет во Александриската библиотека во градот Александрија основан од Александар Втори Македонски во 332 година пред нашата ера.

Библиотека Александрина – Александрија, Египет

Во официјална посета на библиотеката Александрина, Г-дин Тодор Петров, претставник на Светскиот Македонски Конгрес, донираше 190 книги во Библиотеката, од кои мнозинството се напишани на македонски јазик. Г-дин Петров рече дека кон колекцијата на книги контрибуираа повеќе министерства, а книгите опфаќаат различни теми како македонската култура, фолклор и споменици. Колекцијата вклучува и реплика на воена кацига слична на оние кои датираат од времето на Александар Македонски, кој го основал градот Александрија во 332 година п.н.е. Г-дин Петров, исто така, донираше две антички чаши за вино со македонскиот штит на Г-ѓа Сузан Мубарак, претседателка на Одборот на Доверители на БА бордот и Д-р Исмаил Серагелдин, директор на библиотеката. Оригинална ретка монета донираше и Г-дин Џон Тодоровски од Светскиот Македонски Конгрес.

преведено од англиски

извор од интернет страната на Библиотека Александрина. – bibalex.org