30 август 2023 година, Истанбул, Турција – Светскиот Македонски Конгрес (СМК) упатува искрени честитки до Турската нација по повод националниот празник – Денот на победата и Денот на Турските вооружени сили.
Мустафа Кемал Ататурк
На денешен ден, пред 101 години, Вооружените сили на Турција предводени од основачот на модерна Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк, забележале голема победа во битката на Думлуп’нар (26-30 август 1922 година), како последна во Турско-грчката војна што траела од 1919 до 1922 година, во турската војна за независност.
Празникот, Денот на победата и Денот на Вооружените сили во Турција, се одбележува во сеќавање на таа битка откако е прогласена модерната Република Турција, од 1935 година.
СМК очекува неколкуте милиони Македонци во Туција да бидат најголемите амбасадори на Македонија и мисионери за унапредување на македонско-турските билатерални односи.