SolunFM

Драги Македонки и Македонци.

Драги Македонки и Македонци,

Утре, на најголемиот рисјански празник ќе ве “благословуваат“ велепредавниците од Синодот на МПЦ ( и нивните “верни послушници“ – свештениците ), нејзините ништачи, т.е., ништачите на македонството.

“ЛИЦЕМ СВЕТЦИ, СРЦЕМ ВОЛЦИ.

МЕЃУ НАРОДА ЌЕ СЕЈАТ НЕСОГЛАСИЈЕ И РАЗДОР

ДА СЕ МРАЗАТ СИН СО ТАТКА

И СО БРАТА БРАТ.“

(“1762-ро Лето“ – Григор Прличев – за поништувањето на македонската црква, со наредба од Султанот Мустафа Трет во 1767 г.)

Ова веќе го направија нашите “волци“.

За тие кои што не знаат, долу на сликата се “свештениците“ ( расколниците ) од Македонија, појдени во Фанар ( Истанбул ) кај душманот на Македонците, Фанарот (“Грк“) Вартоломеј, да ги “благослови“ со повисоки титули.

Вакво нешто не е можно, освем ако МПЦ е потчинета под фанарската црква, а според случајов и според објава од грчката црква лани: “Стефанос му ја остави “неговата црква“ ( МПЦ ) на Вартоломеј, да ја чува“, Синодот ја има потчинето под фанарската црква, а тоа го крие.