SolunFM

Алармантна е ситуацијата.

Алармантна е ситуацијата со исфрлање на цели легла на новородени кучиња и мачиња низ Кавадарци и тиквешијата.
Несовесните сопственици ги размножуваат и потоа ги оставаат во контејнери, во школски дворови, во фабрики, секаде низ градот и околината.
Активистите, љубителите на миленици, и општо граѓаните апелираат до надлежните инспектори да превземат високи казни и санкции врз сопствениците кои не ги стерелизираат своите миленици и кои ги исфрлаат на секој ќош низ градот.
Веднаш да се почне со строги казни и рестартирање на целокупниот систем за евиденција на сите домашни и бездомни миленици.
Градот е преплавен со недолжни исфрлени кучиња и мачиња од несовесните сопственици.
Се носат и од други градови и села, и се растовараат во Кавадарци.
Активистите и општо граѓаните имаат доволно докази за луѓето кои ги фрлаат милениците , снимани се , фатени на дело, јавно признавање од сопствениците дека си ги фрлаат мачињата и кучињата.
Секојдневно се повикуваат надлежните:
Инспектори за храна и ветеринарство,
Комунални инспектори,
Полиција,
Мој општинар,
Општината и сите кои треба да го спроведат законот кој постои за несовесна и нехумана грижа на животните.

Извор : СПАСИ Живот,добиј ЖИВОТ,помогни на животните”.КАВАДАРЦИ