SolunFM

Боли

Боли ? Колку и да боли ова е вистината.

Црквата е веќе изгубена исто како кога Македонија се согласи да преговара со Грција на тема ФИРОМ во тој момент го изгуби името. Прашање на време беше кога ќе се најде некој морон како Заев. Ова што ти го прави Палчо е те занимава од денес за утре.

Прави настан во кој неговата политичка партија ќе биде повидлива. Иако тој настан нема да резултира со ништо. Еве да речеме дека Палчо ќе собере 500.000 потписи и на Стефан ќе му ги тропне на масата. Што тоа менува ? И Стефан ќе рече. „Ааа штом овие 500 000 верници се потпишале ме фати срам и нема.„ Промената на името на црквата ја иницираат истите кои ја иницираа промената на името на државата. Не им е гајле колку луѓе се против тоа.

Референдум игнорираа.

Ако синодот има 15 души во него 8 да речат „ајде„ толку нив им е гајле. Истата реприза ви ја прават и викате „ај сега повеќе потписи да собереме„.

„Можеби овој пат ќе успееме„ „Потпиши се и ти„. „Со твојот кредибилитет легитимирај го овој апсолутно непотребен и глуп потег.„ За да може уште некој човек понатаму да се излаже. Да мисли дека нешто направил за кога ќе стигне неизбежното разочарување да му речеш „ти проба нешто да направиш и ништо не направи што значи треба и следниот пат ништо да не направиш.„

Повеќе на тема – И Агатангел “патриото” ја продаде кучата.