28 август 2023 година, Куманово, Македонија – Светскиот Северџанистански Македонски Конгрес (ССМК) упатува искрени честитки до македонските рудари по повод 28 август – Денот на рударите во Македонија и Денот на нивната заштитничка Пресвета Богородица.
Денес рударите одбележуваат победа над бројните неизвесности што секојдневно ги носи оваа тешка професија.
СМК и Македонците во светот искажуваат солидарност и упатуваат голема поддршка во барањата на рударите за унапредување на положбата и условите за работа со цел заштита на здравјето и животите, подобрување на нивниот стандард и стандардот на нивните семејства.
СМК смета дека поради пожртвуваноста во извршувањето на работните обврски и условите за работа, рударите заслужуваат бенефиции што Владата и работодавците се должни да им ги дадат и со закон да им ги гарантираат.
Нека Господ Бог и Пресвета Богородица ги чува рударите пред предизвиците со кои се соочуваат под земја во остварувањето на нивните работни обврски, а Владата и работодавците нека ги унапредат нивните права заради сигурност во здравјето, животот и работата.