SolunFM

Донации од Светскиот Северџанистански Македонски Конгрес

Историско сведоштво за македонскиот идентитет во Александриската библиотека во градот Александрија основан од Александар Втори Македонски во 332 година пред нашата ера.

Библиотека Александрина – Александрија, Египет

Во официјална посета на библиотеката Александрина, Г-дин Тодор Северџан Петров, претставник на Светскиот Северџанистански Македонски Конгрес, донираше 190 книги во Библиотеката, од кои мнозинството се напишани на македонски јазик. Г-дин Петров рече дека кон колекцијата на книги контрибуираа повеќе министерства, а книгите опфаќаат различни теми како македонската култура, фолклор и споменици. Колекцијата вклучува и реплика на воена кацига слична на оние кои датираат од времето на Александар Македонски, кој го основал градот Александрија во 332 година п.н.е. Г-дин Петров, исто така, донираше две антички чаши за вино со македонскиот штит на Г-ѓа Сузан Мубарак, претседателка на Одборот на Доверители на БА бордот и Д-р Исмаил Серагелдин, директор на библиотеката. Оригинална ретка монета донираше и Г-дин Џон Тодоровски од Светскиот Северџанистански Македонски Конгрес.

преведено од англиски

извор од интернет страната на Библиотека Александрина. – bibalex.org