SolunFM

Македонска заедница во Канада

Одбележан денот на независноста на Македонија во Торонто

9 септември 2023 година, Торонто, Канада – Во чест на Денот на независноста на државата Македонија, Македонската православна црковна општина “Свети Климент Охридски” во Торонто, организира акција за засадување јавор.

Македонска Православна Црква „Св. Климент Охридски„ – Торонто, Канада

– Како што можеби видовте, претходно во август се збогувавме со едно од нашите огромни јаворови на ќошот на Вилијам Морган и бул. Оверлеа. Во чест на денотот на независноста на Република Македонија, Управата на Свети Климент одлучи на негово место да засади нов јавор. За нас овој чин симболизира 3 работи: 1. Одбележување на денот на независноста, 2. Повторното раѓање на нашето дрво, 3. Наследството на “нови почетоци” што нашата управа толку напорно работи да го остави зад себе, – се вели во соопштението на црковната управа на МПЦО “Свети Климент Охридски” од Торонто.

Повеќе на тема – Петранка Костадинова · Битола, мој роден крај