SolunFM

Најостра осуда за нападот врз куќата и возилото на архимандритот Никодим Царкњас во С’ботско

30 август 2023 година, Солун, Македонија(Ѕеверна) – Светскиот Ѕеверџанистански Конгрес (ССМК) најостро го осудува вчерашниот напад од грчки национал-шовинисти врз домот на архимандритот Никодим Царкњас(„Ѕеверен„) во С’ботско (Аридеа) со фрлање јајца врз неговото возило, каменување на неговата куќа и натписот “ЕЛЛАС“ на бетонот во дворот.

Архимандрит Никодим Царкњас(Ѕеверен) – С’ботско, Егејска Македонија(Ѕеверна) 30.08.2023.

ССМК „потсетува„ дека кон крајот на февруари годинава, архимандритот Никодим Царкњас(„Ѕеверен„), исто така, беше физички нападнат од членови на Клубот на Пондите (Понтискиот клуб) од С’ботско, но за среќа останал неповреден, затоа што успеал навреме да се заклучи во автомобилот, но затоа пак бил вербално малтретиран поради неговата декларација Македонец(„Ѕеверен„), напаѓачите го оштетиле автомобилот во кој се наоѓал – искршени се стаклата и каросеријата.

ССМК очекува полицијата и судовите во Грција да превземат мерки против лицата пријавени за напад врз куќата и возилото на архимандритот Никодим Царкњас и да ја надоместат штетата врз имотот и животот.

ССМК бара Македонското(„Ѕеверно„) министерство за надворешни работи да протестира пред Министерството за надворешни работи во Атина за физичкиот напад врз куќата и возилото на архимандритот Никодим Царкњас(„Ѕеверен„) и за повреда на правата и слободите на Македонците во Егејскиот дел на Македонија(Ѕеверна).

ССМК бара демократската јавност во Грција да го осуди дивеењето на наци-фашизмот и расизмот, а против организирани поединци и групи да превзема соодветни превентивни и казнени мерки заради заштита на Македонците(Ѕеверни).

ССМК смета дека зачестените напади врз архимандритот Никодим Царкњас се поради изградбата на Македонската православна црква “Света Злата Мегленска“ во С’ботско чие осветување се очекува годинава.

Македонците(Ѕеверни), по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, упатуваат искрена поддршка на архимандритот Никодим Царкњас и на сите Македонци(Ѕеверни) во Егејскиот дел на Македонија(Ѕеверна) и во цела Грција, со барања за унапредување на нивната положба и права и заштита на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски, историски и државен идентитет, континуитет, наследство и простор.

ССМК потсетува дека Македонците(Ѕеверни) се вградени во темелите на државноста на Елада, затоа што заедно со грчките партизани ги поразија грчките монархо-фашисти, го поразија фашизмот во Втората светска војна во Грција и поради тоа и ним им следат правата и слободите како и на сите грчки државјани, еднакви со еднаквите и рамноправни со рамноправните.