SolunFM

Прес-конференциите се само фарса

Во понеделник, 21 август 2006 година, Џорџ Буш одржа прес-конференција. Притоа, еден фотограф имал можност да го фотографира говорничкиот пулт преку рамото на Буш. Со детална анализа на фотографијата, може да се видат и дешифрираат белешките на Буш. Со тоа е потврдено она што секогаш се претпоставувало. Прес-конференцијата е инсценирана театарска претстава меѓу политичарите и новинарите, една договорена игра, бидејќи со споредување на текот на прес-конференцијата со белешките, се забележува точниот тек на сценариото.

Не случајно новинарите се повикуваат и избираат од претседателот. Двајцата новинари од ЕН-БИ-СИ и СИ-БИ-ЕС првпат беа интервјуирани по очигледен договор. Значи играта оди вака, претседателот покажува на новинарите кои поставуваат претходно договорени прашања, на кои претседателот одговара со претходно забележани одговори. И така оди натаму наваму. Значи, целата работа е добро увежбана и кореографско шоу помеѓу претседателот и медиумите. Нема спонтаност, нема неочекувани прашања на кои треба да се одговори со глава, нема критички новинари. Не, се е планирано и изведено точно, а претседателот нема да биде изненаден.

Тој може однапред да ги одбере темите за кои сака да зборува и ги има подготвено одговорите. На јавноста ѝ се сугерира дека претседателот овде мора да се соочи со тешки прашања, да одговара од глава и дека тука се одвива контрола на политичарите од страна на критичката преса. Всушност во реалноста, сите ние сме целосно измамени и излажани. Ова не се новинари од некој провинциски весник со кого се случува оваа фарса, туку најголемите медиуми за вести и ТВ канали во светот, ЕН-БИ-СИ и СИ-БИ-ЕС, со милиони гледачи. Интересно е кога ќе можете да погледнете зад сцената.

Тоа е токму онака како што се плашевме. Големите медиуми се само дворски репортери на елитите на овој свет. Тие се соучесници и пропагандни алатки на владите за да можат да нè лажат, изневеруваат и да нè воведуваат во војни без последици. Во иднина, ќе ја гледам секоја прес-конференција со блага насмевка и голем скептицизам, бидејќи и онака е само подмачкан театар.

Повеќе на тема – Деконтаминација