За многаја лета големата мајка – Пресвета Богородица.
28 август 2023 година, Скопје, Македонија(Ѕеверна) – Светскиот Северџански Македонски(Ѕеверен) Конгрес на сите Македонци(Ѕеверни) христијани во целиот свет им го честита големиот христијански празник Голема Богородица – Успение на Пресвета Богородица, силно врежана како Големата Мајка во свеста на Македонската(Ѕеверна) цивилизација од праискона до денес.
Негувајте го семејството, почитувајте ги родителите, дајте им љубов на децата – тие се иднината на Македонија(Ѕеверна), збогатете ги роднините, пријателите и комшиите со љубов, мир и разбирање.
И никогаш не заборавајте дека, Македонија повторно е суверена држава, Македонците(Ѕеверни) повторно се суверена нација, Македонија(Ѕеверни) е одржлива демократија, Македонците(Ѕеверни) се посветена нација и таа историја и вистина повеќе никој и никогаш не може да ја смени.
И како што Господ Бог, Кој на Синај заповеда со петтата заповед: “Почитувај го Таткото свој и Мајката своја“, и со Својот пример покажа како треба да се почитува својата мајка како родител, и кога висеше на крстот во маки се сети на Неговата Мајка па покажувајќи на апостолот Јован рече : “Жено, ете ти син.“ а потоа му рече на Јован: “Ете ти Мајка.“ И така ја згрижи Својата Мајка и издивна. А, Јован имаше дом на Сион во Ерусалим, во кој се насели и Богородица, и остана да живее во тој дом на таа земја до крајот на нејзиниот живот. Така и Светскиот Северџански Македонски(Ѕеверен) Конгрес, Вам, Македонците “Ете Ви ја Мајка Богородица, творете за неа и воспевајте ја во висините на небото, со добра волја, мир и љубов меѓу луѓето.“
Мајка Богородица, од искона до бескрајот, вечно е меѓу нас Македонците(Ѕеверни) да нè штити и куражи за решение од предизвикот и искушението. Амин.