SolunFM

Големата игра во Африка.

Големата игра во Африка. Битката за Нигер

– Алжир одби да дозволи француски воени авиони да го преминат нејзиниот воздушен простор за воена интервенција во Нигер, објави алжирскиот весник Ал-Хабр, повикувајќи се на свои извори. Алжир е клучот за Нигер. Алжир имаше клучна улога во воениот удар во Нигер
– во Мали (граничи со Нигер) деновиве слетаа руски транспортни воени авиони. Припадници на Вагнер се распоредуваат во Мали. Пригожин објави видео од Африка (Мали) во кое изјави дека Вагнер ќе се справи со поставените задачи
– во Либија, која што граничи со Нигер, денес слета рускиот заменик министер за одбрана Јевкуров. Тој има средби и состаноци со генералот Хафтар. Главни теми се Нигер и руско – либиските воени односи
– Мали и Буркина Фасо испратија воени единици во Нигер
– ЕКОВАС (економски сојуз на државите на Западна Африка) подготвува воена операција против Нигер, која треба да почне во секој момент. Главниот збор го има Франција.