SolunFM

Ќе го штити ли Пендаровски суверенитетот и територијалниот интегритет на Северна како што го штити на Украина?

На 18 септември 2023 година, на маргините на 78-то заседание на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк, претседателот Стево Пендаровски се сретна со својот украински колега Владимир Зеленски. На својот твитер профил, Стево Пендаровски под фотографијата од ракувањето со Владимир Зеленски напишал “Поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.“

Слика од архива: Стево Пендаровски претседател на Северна и Владимир Зеленски претседател на Украина се ракуваат.

Од Тодор Петров

На 15 септември 2023 година, во интервју за емисијата “Трилинг“ на Телевизија-24, Стево Пендаровски рече, ако до крајот на ноември не се остварат уставните измени, некои општини со доминантно албанско население би можеле да побараат сопствен пат кон Европа. Наместо да рече одбраната на Северна е право и должност на секој човек, ќе ги штитам суверенитетот и територијалниот интегритет на Северна, Стево Пендаровски повторува што рекле лидерите на некои партии за општините со “доминантно” албанско население ако Собранието не ги усвои уставните измени за впишување на Бугарите во преамбулата и членовите 49 и 78 од Уставот на Северна.

Впрочем, пред преземањето на должноста, претседателот на Северна дава свечена изјава пред Собранието со која се обврзува на почитување на Уставот и законите, на суверенитетот, територијалниот интегритет и независноста на Северна. Затоа што и Вооружените сили на Северна, чиј врховен командант е претседателот на Северна, го штитат нејзиниот територијален интегритет и независноста.

На 23 ноември 2019 година, на Четвртиот регионален младински форум во Нови Сад, Стево Пендаровски изјави “Да не бев претседател и јас ќе се иселев од Северна.“

Повеќе на тема – Сјеверна


Tags: