Армијата на Габон, следејќи ги примерите на своите соседи, исто така го симна од власт претседателот , кој што е француски штитеник, како и целата влада.
Али Бонго, претседателот на Габон, помина 14 години на оваа функција, но по неодамнешниот реизбор, тој беше уапсен од вооружените сили на земјата, беше уапсена и целата влада и беше најавено распуштање на институциите на моќ. Армијата најавији и затворање на границите и поништување на изборните резултати.
– Илјадници жители на Габон излегоа на улиците по пучот, атмосферата беше празнична.
– француската рударска компанија Ерамет објави прекин на работата во Габон.
– Франција внимателно ја следи ситуацијата во Габон по пучот, изјави премиерката Елизабет Борн.
„Нашата дипломатија оваа година се соочи со многу кризни ситуации. Денес на Франција и се потребни своите дипломати повеќе од кога било“, истакна премиерката.
– Габон е богат со нафта, злато, уран, дијаманти
– Франција и нејзиното влијание во Африка е разбиено. После ЦАР, Мали, Буркина Фасо и Нигер, сега и Габон.
Големата игра продолжува со несмален интензитет. Следуваат и други изненадувања ширум светот.
Повеќе на тема – Големата игра во Африка.