SolunFM

Професори

Погрешно, кратковидо и тажно постапуваат оние професори кои и на универзитетите практикуваат гимназиски начин на обучување. Тоа нема врска со академијата: тие самите, заправо, не ја надраснале гимназијата, и на универзитет, строго говорејќи, нема што да бараат.

Академските испити не постојат затоа да би се оптеретувало помнењето на студентите и авторитативно да би се контролирало наметнатото мислење. На академскиот испит на проверка не би требало да биде помнењето, туку моќта на судење и вештината за ориентација во неистраженото и непознатото.

Академијата го оспособува човекот за духовна и интелектуална самостојност, за активно набљудување и мислење, за истражување и за духовна слобода. Академијата е должна на човекот да му ја пренесе вештината за одговорно, осамено мислење. Академијата е школа за самостојна борба за вистината.

Академијата не само што не е спротивставена на религијата туку напротив, претставува една од најблагородните форми на религиозност; крирањето на вистинскиот научник е тивко богослужење. “Поимот” за Бог не е објаснувачка “хипотеза” во склоп на науката; но Духот Божји е вистинска и одредувачка основа на сите академски напори и достигнувања.

Академијата мора да ги надмине сите од надвор наметнати и мртви интелектуални схеми и шаблони: сето тоа, налик смртоносен отров, делува на мислата, на совеста, на духот и на волјата на човекот.

Иван А. Иљин