ОМО „Илинден” – Пирин
11 септември 2023 година, Благоевград, Бугарија – Македонците во Пиринска Македонија, во Бугарија, го одбележаа 12 септември – Денот на геноцидот врз Македонскиот народ во Бугарија.
Вчера во Благоевград, беа одбележани 99 години од крвавиот пир почнат против Македонците во Пиринскиот дел на Македонија и низ цела Бугарија.
Од 1923 до 1925 година беа ликвидирани многу видни Македонци, а теророт продолжи и за време на и по Втората светска војна низ комунистичкиот режим во Бугарија.
На комеморативната процесија присуствуваа Ицо Најдовски – Перин од Австралија, Гоце Панговски од САД, Валентина Мишковска од Велика Британија и проф.д-р Катерина Тодороска од Институтот за национална историја во Македонија.
Говор пред присутните во помен и спомен на Македонците жртви на Крвавиот пир од режимот во Софија, одржа Димитар Иванов од Шумен и Ицо Најдовски.
На полагањето цвеќе на плоштадот во Благоевград пред споменикот на Гоце Делчев, присуствуваа претставници од неколку организации на Македонците во Бугарија.
Од споменикот на Гоце Делчев, присутните заминаа во македонскиот културен центар “Никола Вапцаров” каде разменија информации и искуства за човековите права и слободи.
Повеќе на тема – Комеморација по повод 84 години од почетокот на Втората светска војна