SolunFM

Апел до Владата за итна деконтаминација на почвата од опасниот отпад линдан кај месноста Пеленица во Драчево

30 август 2023 година, Скопје, Македонија – Светскиот Македонски Конгрес (СМК) апелира до Владата на итна деконтаминација на околу 40.000 тони почва кај месноста Пеленица во Драчево, контаминирани од опасниот отпад Линдан.

СМК смета дека иако од 2018 година е донесена забрана за пристап на деца, а од 2021 година локацијата кај месноста Пеленица во Драчево е оградена, алармантна е опасноста по природата и животот и здравјето на месното население.

СМК очекува Владата под итно да изготви регистар на сите локации со опасен отпад на територијата на Македонија и да утврди физибилити студија со локации за изградба на регионални центри за управување со опасен отпад во Македонија, независно од трошоците.

Со потпишување на Стокхолмската конвенција во 2004 година, во која линданот како токсична супстанца е додаден во 2009 година, Македонија e обврзана да ја деактивира темпираната бомба во својот двор.