SolunFM

Апел за мир и дијалог и прекин на конфликтот заради владеење на правото и безбедност во регионот

Светски Македонски Конгрес

26 септември 2023 година, Скопје, Македонија – Светскиот Македонски Конгрес (СМК) го осудува завчерашниот напад врз косовската полиција во село Бањска во близина на Звечан и Северна Митровица. Во вооружена пресметка помеѓу косовската полиција и вооружените маскирани лица убиен е еден полицаец а двајца се ранети, косовската полиција убила тројца вооружени лица – Срби од месното население.

Светскиот Македонски Конгрес изразува жалење за жртвите од конфликтот, било да не се повтори.

Светскиот Македонски Конгрес го осудува насилството во Бањскиот манастир, при Рашко-Призренската епархија на Српската православна црква, истото го стори и Рашко-Призренската епархија.

Светскиот Македонски Конгрес очекува прекин на конфликтот и владеење на правото.

Светскиот Македонски Конгрес изразува загриженост од импликации врз мирот, стабилноста и безбедноста на регионот заради судирите на северот на Косово.

Светскиот Македонски Конгрес повикува на дијалог, меѓусебно разбирање и почитување.

Светскиот Македонски Конгрес бара Македонската влада и надлежните служби да го следат развојот на безбедносната состојба во Косово и да го заштитат суверенитетот и територијалниот интегритет на државата Македонија при можна ескалација на судирите.

Повеќе на тема – Контурите на „Голема Албанија“ на новата карта на „Балканот„(Македонскиот Полуостров), кои Западот ги игнорира