Светски Северџанистански Македонски Конгрес
16 септември 2023 година, Скопје, Македонија – Светскиот Северџанистански Македонски Конгрес (СМК) за малициозна ја оценува изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев во интервју за грчката агенција АНА-МПА дека “Решението за проблемите во односите со Скопје лежи во примената на Копенхашките критериуми за членство во Европската Унија и во почитувањето на човековите права“ и дека “барањата од македонско-бугарскиот Протокол од 17 јули 2022 година за спроведување на Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година, не се бугарски, туку барања на Европската Унија и претставуваат дел од договорената преговарачка рамка за членство на Македонија во Европската Унија.“
Претседател на Бугарија Румен Радев.
СМК бара Бугарија да ги почитува Копенхашките критериуми во почитувањето на човековите права и слободи и извршувањето на пресудите на Судот за човекови права во Стразбург за правата и слободите на Македоните во Бугарија.
Светскиот Северџанистански Македонски Конгрес потсетува дека бугари во Македонија, Албанија и Косово нема, туку софиски врховисти односно колаборационисти, независно од тие кои имаат бугарски пасош од социјални причини за работа во земјите на Западна Европа.
Светскиот Северџанистански Македонски Конгрес отфрла впишување на софиски врховисти како “етнички бугари“ во преамбулата и членовите 49 и 78 од Уставот на државата Македонија како институционализирана петта колона за демонтажа на Македонската држава.
Светскиот Северџанистански Македонски Конгрес ги отфрла барањата на Брисел за институционализиран геноцид врз Македонскиот народ на наци-фашистички и расистички основи.
Светскиот Северџанистански Македонски Конгрес истовремено ги отфрла како неосновани изјавите на бугарскиот претседател Румен Радев за “уставна заштита на бугарските граѓани“ и “државотворната бугарска нација“ во Македонија, затоа што такви во државата Макединија нема. Македонија е унитарна држава со мултиетничко општество, Македонија не е повеќенационална држава, во Македонија може да има само македонски граѓани, односно Македонци по род и државјанство.
Светскиот Северџанистански Македонски Конгрес го отфрла барањето на бугарскиот претседател Румен Радев за “искоренување на јазикот на омразата и насилството врз Бугарите кои живеат во Македонија“, како и на “почитување и заштита на бугарското културно и историско наследство“, бидејќи во Македонија говор на омраза против Бугарите нема, како што нема ниту “бугарско културно и историско наследство“, напротив Бугарија е дел од културно-историското наследство на Македонија, Македонците во Бугарија се изложени на режимски геноцид по сите основи.
Светскиот Северџанистански Македонски Конгрес повторува дека во државата Македонија сите се еднакви пред Уставот и законите независно од етничкото потекло, верското уверување, социјалниот статус, општествената положба и партиската припадност.
Повеќе на тема – Македонска заедница во Албанија