SolunFM

Искрено жалење за жртвите и штетите од земјотресот во Мароко

Светски Македонски Конгрес

10 септември 2023 година, Казабланка, Мароко – Светскиот Македонски Конгрес (СМК) изразува искрено жалење за жртвите од земјотресот кругот на Маракеш, во Мароко, на 8 септември годинава.

СМК очекува Македонската влада да изрази солидарност и понуди помош за санација на штетите од земјотресот во Мароко.

Македонците, по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, се молат за душите на починатите и за брзо закрепнување на повредените.

Бројот на загинатите е повеќе од 2.000 и бројот на повредените изнесува повеќе од 2.000.