Македонска заедница во Албанија
15 септември 2023 година, Фиер, Албанија – Македонското друштво “Сонце”, во градот Фиер, Република Албанија, денеска и вчерa учествуваше на Саемот на националните малцинства под името “Зачувување и промоција на културата и потеклото на националните малцинства преку уметноста и занаетчиството“.
На овој Саем, Македонското друштво “Сонце” се претстави со свој штанд со цртежи на македонски носии и прстени (минијатурна уметност) со светски личности, изработени во гипс, од уметникот Генци Кадриу, Македонец со потекло од областа Голо Брдо, а кој живее во градот Фиер, како и со промотивен материјал за Преспа и македонската култура во Албанија.
Овој Саемот се организира во рамките на проектот “Зачувување и промоција на културата и потеклото на националните малцинства преку уметност и занаетчиство“ со поддршка од Комитетот за национални малцинства во Албанија и во организација на здружението “Гласот на Ромите”.
Овој Саем има за цел да ги промовира уметничките и културните вредности на националните малцинства во Албанија преку уметнички и занаетчиски дела, како и да ја пренесе пораката за соживот помеѓу националните малцинства и заедничките вредности на културата и традицијата.
– Присутни сме насекаде во Албанија каде се промовираат културните и други вредности на националните малцинства. Македонската култура е дел од албанското општество, – изјави претседателот на Македонското друштво „Сонце„ и претседател на Македонската партија во Албанија, Васил Стерјовски.
Повеќе на тема – Македонци од Горно Врбени