SolunFM

Македонците се за историско помирување и траен мир и добрососедство помеѓу Русија и Украина

30 август 2023 година, Скопје, Македонија – Светскиот Македонски Конгрес (СМК) за неприфатлива ја смета владината најава за нов петти пакет воена донација за Украина, покрај досегашната воена помош – десетина тенкови Т-72, четири авиони СУ-25 и дванаесет хеликоптери МИ-24, што по глава на жител ја прави Македонија еден од најголемите украински воени донатори во светот.

СМК ја повикува марионетската влада на Ковачевски да не ја вовлекува Македонија во војната во Украина, затоа што Македонија ниту е причина за таа војна, ниту фактор за нејзино решение.

СМК повторува дека Македонија не смее да учествува во милитантните политики на САД, НАТО и Европската Унија за вооружување на украинската влада за војна со Руската Федерација.

СМК ги смета и Русите и Украинците за братски народи на Македонскиот народ, и државата Македонија со политики на активен мултилатерализам, треба да иницира историско руско-украинско помирување и Договор за траен мир и добрососедство помеѓу Руската Федерација и Украина.

Македонците, по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, повторуваат дека, Македонскиот народ не е непријателски народ на Рускиот народ и на Украинскиот народ, Македонија не е непријателска држава на Руската Федерација и на Украина.

СМК апелира до Претседателот и Владата на Руската Федерација, и покрај неријателството кон нив од страна на марионетската влада на Димитар Ковачевски, да не ја третираат државата Македонија и Македонскиот народ за непријателски кон Руската Федерација и Рускиот народ, да ги укинат сите санкции против државата Македонија и да ја избришат државата Македонија од списокот на непријателски држави.