Промоција на “Македонци – Милениумски сведоштва за идентитетското име”
18 септември 2023 година, Ватерло, Белгија – Пред Македонците во Белгија беше промовирана книгата “Македонци – Милениумски сведоштва за идентитетското име” на авторот д-р Бранислав Светозаревиќ Покорни.
Промоцијата на книгата ја извршија Ацо Крстески, претседател на Светскиот Македонски Конгрес за Европа и м-р Маја Славева, докторант по безбедносни науки, го истакнаа нејзиното значење за Македонците и нивниот идентитет, јазик, култура и историја.
Гостите изразија голема благодарност до домаќините, како и до Македонците во Белгија, за нивната гостопримливост и организацијата на промоцијата.
Македонија е горда на ваквите Македонци.
Д-р Бранислав Светозаревиќ зборуваше за бројните историски сведоштва и артефакти за името на Македонците низ милениумите, што предизвика посебно внимание и интерес кај присутните.
После промоцијата присутните добија по примерок од книгата.
На промоцијата присуствуваше и поранешниот министер за надворешни работи Никола Поповски.
Повеќе на тема – Македонци