Во градот Малатија во источна Турција на 11 септември ќе биде пуштена во употреба гимназија со името „Македонија„.
7 септември 2023 година, Малатија, Турција – Комплексот е изграден со пари собрани од Стопанската комора на Македонија и Турција, во областа погодена од смртоносните земјотреси.
Средношколски комплекс со името “Македонија“, ги отвора вратите на 11 септември 2023 година во градот Малатија, источна Турција. Градот Малатија беше погоден од смртоносните земјотреси во февруари минатата 2022 година.
Училиштето е изградено со пари собрани од Стопанската комора на Македонија и Турција, како и со донација од Црвениот крст на Македонија. кој ја финансираше изградбата на неколку училишни единици во погодените подрачја. Новото училиште е со површина од 8.000 м2 и има 24 училници, секоја училница ќе носи име на еден град во Македонија.
“Комплексот го симболизира духот на пријателството и соработката меѓу народите на двете земји, изграден е со донација од 1 милион евра, во која учествуваа членовите на Стопанската комора на Македонија и Турција и Црвениот крст на Македонија. Донација која беше искористена за изградба на едно од стотиците училишта што беа уништени во разорниот земјотрес во регионот Малатија и е врвен напор за помош на турскиот народ по природната катастрофа што се случи на 6 февруари 2022 година“, – се вели во соопштението на Стопанска комора на Македонија и Турција.
Над влезот во новиот училишен комплекс е поставена табла на која пишува “Гимназија Македонија“.