SolunFM

Осуда на антимакедонската агресија на Софија во Албанија

Светски Македонски Конгрес

14 септември 2023 година, Тирана, Албанија – Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро ја осудува антимакедонската дводневна посета на бугарската потпретседателка Илијана Јотова на Албанија, заедно со бугарски универзитетски професори и академици, во пресрет на пописот на населението во Албанија, при што во промоција на акцијата “Бугари во Албанија“ ќе отвори “неделно училиште на бугарски јазик во Елбасан“, во Тирана ќе ја промовира книгата на Спас Тошев “Бугарите во Албанија“, а во селото Големо Острени, Голо Брдо “ќе се сретне со претставници на бугарското национално малцинство“.

СМК повторува дека етнички бугари во Албанија, како и во Косово и Македонија – нема, ниту имало, ниту ќе има.

СМК потсетува дека Софија продолжува со злоупотребата на бугарските пасоши – тие што нема да се попишат како Бугари, ќе мора да ги вратат, односно Бугарија ќе им ги поништи.

СМК најостро ја критикува незаинтересираноста на македонската влада во одбрана на македонските национални и државни интереси кон Македонците во Албанија, изложени на агресивна бугарска политика за денационализација, посебно после потпишувањето на Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година.

СМК апелира до Македонците во Албанија да ги отфрлат притисоците на Софија за нивна денационализација и асимилација.

СМК апелира до сите Македонци во Албанија на престојниот попис да се попишат како Македонци со мајчин Македонски јазик, независно од нивната вера – православни, католици или муслимани.

Повеќе на тема – 99 години од крвавиот пир врз Македонците од Бугарија


Tags: