SolunFM

Промоција на книгата „Македонци„ – Милениумски сведоштва за идентитетското име„ во Италија

Македонска заедница во Италија

20 септември 2023 година, Канели, Италија – Европската турнеја продолжува, караванот за македонската вистина, за македонското име, јазик, култура и историја пристигнува во Италија.

Во организација на Македонското здружение “Камениот мост” од општина Канели и Светскиот Македонски Конгрес за Европа, денес во 20.00 часот, во Biblioteca Civica Canelli, Via G.B. Giuliani 23, поранешната зграда на Agenzia delle Entrate, или местото каде што настапи бендот Серенада од Виница пред неколку години, ќе се одржи промоција на книгата “Македонци – милениумски сведоштва за идентитетското име” од д-р Бранислав Светозаревиќ.

Во книгата “Македонци – милениумски сведоштва за идентитетското име” се содржани огромен број оригинални документи за нашето македонско потекло.

Книгата изобилува со сведоштва и артефакти од милениумските минато на Македонците. Организаторите упатуваат покана до сите Македонци во Италија да присуствуваат на промоцијата. Посебна покана до младите Македонци, организаторите веруваат дека младите Македонци ќе сакаат да слушнат нешто повеќе за своите корени и има што и да научат. Ве очекуваме.

Повеќе на тема – Македонци