SolunFM

Среќно во новата школска година во државата Македонија

Светски Македонски Конгрес и Светски Македонски Младински Конгрес

1 септември 2023 година, Скопје, Македонија – Светскиот Македонски Конгрес (СМК) и Светскиот Македонски Младински Конгрес (СММК) упатуваат искрени честитки за првиот школски ден и новата школска година до сите ученици во Македонија и сите ученици Македонци, по род и државјанство, во светот.

Светскиот Македонски Конгрес е формиран 1899 во Женева.

Годината пред Вас поминете ја здрави и живи, со многу радост, среќа, успех, мир, љубов и многу знаења и вештини.

Сакајте си ги родителите, мајката и таткото, народот, верата и родината Македонија.

Никогаш не заборавајте дека “Северна“ не е ваша татковина, туку времена состојба од предавници и одродници премиер министри и пратеници, името на Вашата држава се состои само од еден единствен збор – зборот Македонија, само Македонија и ништо друго освен Македонија.

Kongres.Mk