SolunFM

Традиционален скопски бал 2023 во Мелбурн

Македонска заедница во Австралија

21 септември 2023 година, Мелбурн, Викторија, Австралија – Во организација на Македонското културно и социјално друштво Скопје од Мелбурн, на 11 ноември, сабота, со почеток во 18:30 часот, ќе се одржи традиционалниот скопски бал 2023.

Балот ќе се одржи во Ferraro Receptions, 14 Onslow Ave., Campbellfield, VIC 3061.

Резервација на карти се врши кај Жуле на мобилен 9480 6305 или кај Ацо на мобилен 0423 766 898. Влезницата за возрасни е 80 долари, а за деца до 12 години 40 долари.

Добредојдени се сите, Ве очекува богато мени и убави македонски ора и песни со групата “Македонска мелодија”. Ќе настапи и Културно-уметничкото друштво “Гоце Делчев”. Повелете.

Повеќе на тема – Македонска прослава кај Македонците во Горна Џумаја, Пиринска Македонија