Образовните институции не смеат да ги злоупотребуваат децата за индоктринација со „родова идеологија„ спротивно на волјата на родителите.
Од Филип Иванов
Колку треба да си нарцисоиден за да мислиш дека имаш право да воспитуваш туѓо дете, не само без дозвола, ами и против волјата и убедувањата на родителите на тоа дете. И тоа внимавајте, не за било што, туку за сексуалност и родови идентитети.
Деновиве читам и слушам како повеќемина активисти од разните лгбти невладини организации и неколкумина пратеници отворено кажуваат дека целта им е “од најрана возраст” да ги запознаваат и “образуваат” децата со различни детали од она што е нивниот светоглед по прашање на човечката сексуалност и таканаречените родови улоги и идентитети.
Кој им дал такво право? Или од каде им е дрскоста, тие да си го земат тоа право на себе?
Ако човек решил да нема деца или да живее одреден животен стил кој без раѓање на деца, што е личен избор, тогаш зошто би сакал да има збор во (сексуалното) воспитување на туѓи деца?
Еве ја кулминацијата на нарцисоидноста кај дел од нив: Тие веруваат дека знаат подобро од родителите на децата, та затоа се дрзнуваат да прават такви (дури морничави) испади.
Суверено и неотуѓиво родителско право е секој родител да го воспитува своето дете по сопствени убедувања по прашања на вероисповеста, националноста, човечката сексуалност, семејните улоги и друго. Никој не смее да помисли да се допре до децата и да ја злоупотреби позицијата на авторитет која ја ужива образованието во животот на детето, та на таков перфиден начин да се пренебрегне родителот по овие прашања.
По некои прашања едноставно не постои компромис, а колку побрзо се разбере тоа, толку побрзо ќе има мир и секој ќе може да си го живее животот како што сака.
(објавено пред три месеци, деновиве актуелизирано повторно)
Повеќе на тема – Рускиот претседател Владимир Владимирович Путин: „Западните елити го изгубија умот и не можат да се излечат“