SolunFM

Македонски национален фонд на Македонците во Македонија и иселеништвото

После долга работа и неизвесна завршница група на активисти од Македонија и иселеништвото успеаја да регистрираат непрофитабилна организација за помош и поддршка на Македонци, Македонската култура и историја. Непрофитабилната организација е регистрирана на ден 20-ти Август 2023 во Куманово ( Скопје – седиштето е во Скопје ) и го носи името Македонски национален фонд.

Боне- Боби Темелков, претседател на Светскиот Северџан Македонски Конгрес · Канада

Примарна цел на формирање на здружението е бизнис здружување на национална основа. Примарна обврска на зружението е изготвување на регистар на компании во сопственост на Македонци – патриоти од Македонија и Иселеништвото. Со формирање и ажурирање на регистарот, ќе имаме пристап до податоци за сите бизниси организирани и управувани од Македонци – патриоти. Планот ни е да се потикне соработка, заеднички настап, помоција и унапредување на македонските бизниси. Имајќи информации за македонските компании нашите намери за делување и соработка првично ќе ги насочиме кон нашите компании. На тој начин дирекно ќе влијаеме на развојот на македонските бизниси, а индирекно и на македонската кауза, на семакедонските активности, македонската култура, традиција, образование, наука и слично.

Од дегашното искуство, имаме потврдено дека секој од нас, немајќи информации за сопствениците на бизнисите, ненамерно им правиме услуга соработувајќи со нив, а подоцна дознаваме дека истите компании се финансиера на политички партии и структури кои работат против македонските интереси. На тој начин ненамерно, индирекно учествуваме во финансирање на активности против македониските интереси.

Македонски Национален Фонд е основана и со цел за заедничко и централно собирање донации во и надвор од Македонија, донации кои ќе служат како финансиска помош на Македонската Кауза. Фондот, во зависност од големината на донациите кои ќе бидат собрани моментално ќе служи за помош на фамилиите на Македонските уставобранители, а подоцна и за други цели околу Македонската кауза . Македонскиот национален фонд има зацртано неколку иновативни иницијативи кои би требало да донесат успех во собирањето донации за оваа хумана и патриотска цел.

Како прва активност на здружението во овој поглед ќе биде соработка со светско проширената и позната компанија My world Macedonia. Македонски национален фонд како непрофитна организација ќе се вклучи како член на My world Macedonia – семејството , и ќе остварува приходи преку My world – мрежата. Како член на My world , нашите активисти ќе имаат бесплатна kesh back апликација , со која по извршено купување во компании исто членови My World , одреден процент од извршениот промет ќе се уплатува на сметката на Македонски национален фонд.

Нашите членови кои ќе се зачленат ќе ги добиваат парите назад(„кеш бек„) при скоро секое пазарење на секојдневни намирници, производи и услуги, а Македонски национален фонд како издавач на таа апликација ќе добива 1% процент донација од трговците каде пазарењето се извршило. Со повеќе детали за соработката помеѓу Македонски национален фонд и My world Macedonia ,како и каде да ја симнете бесплатната апликацијата која автоматски ќе ви враќа процент од парите кои вие секако ги трошите за намирници и услуги секојдневно ќе излеземе наскоро. Сите активности од делувањето на Македонски национален фонд ќе бидат целосно транспарентни и редовно ќе се објавуваат финансиски извештаи за приливите и плаќањата од сметката на здружението.

Надвор од Македонија Македонскиот национален фонд ќе продолжи да функционира преку „го фонд ми Канада„/„Go fund me Канада„ која веќе функционира 5та година со собирање донации за фамилиите на Македонските Уставобранители, средствата собрани преку го фонд ми Канада ќе бидат дел од собраните средства на Македонски национален фонд во Македонија.

Да ни е вечна Македонија.

Повеќе на тема – Македонија