SolunFM

Грција и грчкиот идентитет – Вештачки германски проект од 1830-те.

За оние што заборавиле или за оние што не прочитале досега, се разбира, бидејќи не ги интересирало, да Ве потсетиме драги читатели, за тоа како настанала грчката држава и грчкиот идентитет, па Вие сами заклучете, кој има иредентистички намери и чија е Македонија ?

Но и да нештата бидат појасни. Бараме признание на нашето име и идентитет, од држави, кои ја формирале грчката нација и идентитет, кои ја одобриле поделбата на Македонија во 1913 година, а сега сакаат по секоја цена да не ‘пикнат’ во нивната Алијанса, како безимени и апатриди. На чело на оваа анти-македонска алијанса е Германија, која својата цел сака да ја оствари перфидно преку Велика Британија, а Америка, како нова држава ( постои едвај двеста и нешто години ) и е една од воените велесили на светов, е само инструмент кој во овој момент е способен да им ја реализира нивната желба.

А секако тука е и фактот дека во целата оваа конструкција има учество и на Русија, која за разлика од минатото, сепак има свој позитивен контекст, барем од осамостојувањето на Македонија.

Подолу наведениот текст е само фактографско наведување на случувањата, без некоја поширока анализа за тогашните случувања, кои, се разбира, треба да ги гледаме од поинаков аспект. Со Договор меѓу Големите сили, Франција, Велика Британија и Русија, во 1830 година, за Крал на Грција, требало да биде избран Леополд Саксонкобурски, но тој се откажал од престолот.

Две години подоцна, со нов Договор ( Конвенцијата од Лондон ), помеѓу Франција, Велика Британија и Русија, како и Баварска, Грција на 7 мај 1832 година добива државност. Со овој Договор утврдени се условите и начинот на управување на младиот крал Ото Фридрих Лудвиг фон Вителсбах ( Otto Friedrich Ludwig von Wittelsbach ), од Баварија, вториот син на баварскиот крал Лудвиг Први.

На 1 ноември 1832 година во Минхен бил потпишан Договор за Сојуз и Пријателство меѓу Баварија и Грција, со кој бил регулиран престојот на 3.500 баварски војници на грчка територија на три години. Откако биле регулирани односите, Ото можел да пристигне во неговата нова татковина, и тој доаѓа на престолот на ова кралство на 6 февруари 1933 година, во Нафплион, Пелопонез. Со ова, територијата на кралството Грција станува протекторат на трите најмоќни држави во тоа време, Франција, В. Британија и Русија.

Овие држави потпишале и Договор со Отоманската Империја, со кој се утврдила северната граница на Грција, така што таа се движела по линијата Арта-Волос. Со тоа Грција почнала да функционира како некаква независна држава.

Фридрих Ото, ја носел титулата Крал на Грција, но Големите сили не дозволиле да се нарече и Крал на грците. Дека до тогаш, грците не постоеле како нација, ниту како држава, кажува фактот дека тие ниту се спомнуваат во Договорот, ниту се потписнички на истиот.

Во тоа време, 1833 година, кралот Ото бил малолетен, па со Кралството Грција, до 1835 година, управува Совет од тројца ‘намесници’ од Баварија, Јозеф фон Араманшперт, Лудвиг Маурер и генерал Kарл Вилхелм фон Хајдем.

Тогаш е отпочнато со ‘изградба на свеста’ на месното население, за создавање ‘грчка нација’. Во Кралството функционирале три политички партии: Француска, Британска и Руска, од кои само Француската партија била за ‘мегали идејата’.

За да биде се, како во права држава, на 4 август 1833 година, со Декрет на ‘намесниците’, било прогласено создавањето на Грчката автокефална православна црква. Цариградската патријаршија, не дала согласност за формирањето на црквата. Kој и кога ја признал грчката црква е прашање што треба да се истражува и анализира.

Синодот на новосоздадената расколничка православна црква, бил потчинет на баварскиот крал Ото, кој бил католик. За таа цел, исто така, со декрет, било создадено и посебно Министерство за Вера, по што се прават реформи во манастирите. Зад создавањето на Грчката автокефална црква, стоеле англиската и француската партија. Русија не сакала да се согласи со самостојноста на Грчката црква, бидејќи тоа не било во согласност со нејзините интереси. За тоа, имала поддршка и од Цариградската патријаршија, како и од некои видни Грци во самото кралство, приврзаници на Цариградската патријаршија.

Како се одвивала „изградбата на грчка свест на населението“, кон крајот на 1833 и почетокот на 1834 година, кралскиот протекторат бил спремен, да ги акредитира своите први дипломатски претставници во поголемите европски држави. Иако, не се постигнала согласност за трговска соработка, помеѓу Кралството Грција и Отоманската Империја, сепак со помош на Рускиот пратеник Бутењев, Кралството Грција успеало да издејствува седум, од бараните деветнаесет конзулски и вицеконзулски места. Така на 6 декември 1834 пристигнал и првиот грчки конзул, Валијанос, во Македонија со седиште во Солун. Со тоа и официјално почнува дејствувањето на грчката дипломатија на територијата на Македонија.

Следната година, во јуни 1835 година, во чест на роденденот и полнолетството на кралот Фридрих Ото, престолнината на Грција, од Нафплион, Пелопонез, била преселена во Атина, која полека почнала да се издигнува.

Тогаш се започнува и со измислување или ‘настанување’ на грчката историја, во кабинетите на француските, британските, руските и баварските историчари и политичари, на што се приклучиле и историчари од тогашна Австро-Унгарија.

И на крајот, интересно откритие за фејк историските споменици во Грција од Рускиот инженер Алексеј Кунгуров кој тврди дека не само грчката историја туку и нивните историски споменици не се тоа зашто се представуваат. Правејќи анализа и споредба со спомениците направени во тоа време во Ст. Петерсбург, Кунгуров заклучува дека Партенон е лажен споменик изработен многу подоцна со цел привлекување на туристи и дека Партенон воопшто нема темели.