28 август 2023 година, Јоханесбург, Јужно-Африканска Република – Светскиот Северџан Македонски Конгрес (СМК) го поздравува одржувањето на 15-от самит на Меѓународната организација БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка), во Јоханесбург од 22 до 24 август годинава, како нов модел на светскиот поредок во мултиполарниот свет.
СМК ја поздравува одлуката за новите полноправни земји членки во БРИКС – Аргентина, Египет, Иран, Етиопија, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија од 1 јануари 2024 година.
СМК и натаму го отфрла пристапувањето на државата Македонија во сојуз со Европската Унија и НАТО Алијансата, поради антимакедонизмот на Грција и Бугарија, грчкиот и бугарскиот геноцид врз Македонскиот народ, и наци-фашистичкото барање на Грција и Бугарија за промена на името, јазикот, културата и историјата на државата Македонија и на Македонскиот народ, како вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина и Софија. ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ.
СМК смета дека Македонија својата надворешна политика треба да ја прилагоди на актуелната геополитичка карта на мултиполарниот свет и да гради политики на активен мултилатерализам – од пријатели никогаш доста, но врз основниот принцип на меѓународното право на “суверена еднаквост“ што значи: взаемно разбирање и почитување, соработка со сите по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи на суверените држави и реципроцитет во меѓусебните односи. Притоа свесни дека, европскиот центризам и американскиот унилатерализам се трајно минато свршено време, и отфрлајќи го корпоративниот глобализам кој поаѓа од профитните интереси на мултинационалните корпорации а врши интеграција со асимилација на помесните етноси, јазици, религии и култури се’ до нивната физичка ликвидација од Земјината топка, наспроти културниот глобализам кој врши интергација со афирмација на помесните етноси, јазици, религии и култури.
СМК смета дека и за Македонија како и за сите во светот, треба да важи правилото: Македонија нема вечни пријатели, Македонија нема вечни непријатели, Македонија има вечни интереси!
СМК ги поддржува евро-атлантската и евро-азиската соработка, но преферира воена неутралност на државата Македонија.
СМК очекува договор за слободна трговија на државата Македонија со Кина и Евроазиската економска унија, БРИКС и Шангајската организација за соработка.
БРИК е основан 2006 година од Бразил, Русија, Индија и Кина, на растечки економии од различни континенти. 2010 година им се придружува Јужна Африка и оттогаш организацијата настапува како БРИКС. Бразил има 215,4 милиони жители со 8.900 $ БДП по глава на жител, Русија има 143,6 милиони жители со 15.345 $ БДП по глава на жител, Индија има 1.417,20 милиони жители со 2.388 $ БДП по глава на жител, Кина има 1.412,2 милиони жители со 12.720 $ БДП по глава на жител, а Јужна Африка има 59,9 милиони жители со 6.776 $ по глава на жител. Сите земји членки на БРИКС имаат 3,24 милијарди население, а нивниот збирен национален приходи изнесува 26 билиони долари, што претставува 26% од светската економија. Во Меѓународниот монетарен фонд земјите членки на БРИКС имаат само 15% од гласачките права. Земјите на БРИКС опфаќаат 36% од вкупната површина на Земјата односно 39.746.220 квадратни километри, 45% од светското население, 37% од глобалниот БДП, 44% од светските резерви на нафта и 38% од светското индустриско производство. Соработката на БРИКС се базира на неуспехот на глобалната економија да ги задоволи нивните потреби, поради што воспоставија нов механизам за соработка кој ја промовира политичката и безбедносната структура на реформи во управувањето во ОН и во меѓународните финансиски, монетарни и трговски системи.
Во исто време, земјите на Г7 (Велика Британија, Германија, Италија, Канада, САД, Франција и Јапонија) опфаќаат 10% од светското население, 16% од вкупната површина на Земјата, 30% од глобалниот БДП и 3,9% од светските резерви на нафта.
Една од целите на БРИКС е наоѓање начин за реформи на меѓународните финансиски институции – Меѓународниот монетарен фонд и Светската Банка.
Земјите на БРИКС во 2014 година формираа Нова развојна банка (НБД) со почетен капитал од 250 милијарди долари, на земјите во развој да им позајмува пари за развој.
БРИКС ги почитува политичкиот суверенитет и територијалниот интегритет на секоја земја членка и во основа претставува економски сојуз.
На 15-от самит во Јоханесбург, БРИКС усвои декларација под името “Јоханесбург-2“ со 20 точки кои гласат:
(1) БРИКС ќе ја зајакне соработката за безбедност на храната меѓу земјите од асоцијацијата и пошироко;
(2) Лидерите на БРИКС ја изразија својата загриженост за употребата на еднострани санкции и нивните негативни последици за земјите во развој;
(3) Земјите од БРИКС ги гледаат ОН како камен-темелник на меѓународниот систем;
(4) БРИКС ја нагласува африканската иницијатива за решавање на украинскиот конфликт;
(5) Земјите од БРИКС се посветени на зајакнување на макроекономската координација, продлабочување на соработката во економијата;
(6) Земјите од БРИКС се залагаат за реформа на ОН и зголемување на застапеноста на земјите во развој во нивниот Совет за безбедност;
(7) БРИКС е посветена на мирно решавање на конфликтите во Нигер, Либија и Судан врз основа на ОН и Африканската унија;
(8) Земјите од БРИКС ја поддржуваат желбата на Бразил, Индија и Јужноафриканската Република да играат поголема улога во Советот за безбедност на ОН;
(9) Земјите од БРИКС се загрижени за конфликтите во светот, тие инсистираат на мирно решавање на разликите преку дијалог;
(10) Земјите од БРИКС се против трговските бариери што ги воведуваат развиените земји под изговор за борба против климатските промени;
(11) Лидерите на БРИКС се залагаат за употреба на националните валути во меѓународната трговија и финансиските операции меѓу земјите на организацијата;
(12) Земјите од БРИКС се за зајакнување на механизмите насочени кон неширење на оружјето за масовно уништување;
(13) Земјите на БРИКС ги поздравуваат предлозите за посредување насочени кон мирно решавање на конфликтот во Украина;
(14) Земјите од БРИКС се посветени на решавање на конфликтот околу иранската нуклеарна програма преку дипломатски средства;
(15) Земјите на БРИКС го поддржуваат развојот на меѓународна конвенција против употребата на информатички и комуникациски технологии (ИКТ) во криминални активности;
(16) Земјите од БРИКС повикуваат на проширување на застапеноста на развиените земји во меѓународните организации и мултилатералните форуми;
(17) Лидерите на БРИКС ја истакнаа важноста на Г20 како водечки меѓународен форум;
(18) Земјите од БРИКС се согласија да работат на зголемување на меѓусебните туристички текови;
(19) Земјите од БРИКС веруваат дека неурамнотеженото економско закрепнување од пандемијата ја влошува нееднаквоста во светот;
(20) БРИКС ја поддржува агендата на Африканската унија до 2063 година, вклучувајќи го и воведувањето на континентална зона на слободна трговија.