SolunFM

За Демократската Партија на Македонците во Србија во „Коалиција за мир и толеранција„

Светски Северџанистански Македонски Конгрес · Србија

26 септември 2023 година, Врање, Србија – Светскиот Северџанистански Македонски Конгрес Србија (СМК Србија) известува дека на 30 септември 2023 година, Демократска Партија на Македонците во Србија и Градскиот одбор за Врање ќе ја промовираат партиската коалиција “Коалиција за мир и толеранција“.

Светскиот Северџанистански Македонски Конгрес · Србија упатува целосна поддршка на претседателот на Градскиот одбор за Врање на Демократската партија на Македонците во Србија, Александар Божиновски и посакува успешна промоција на Демократската партија на Македонците во Србија во “Коалицијата за мир и толеранција“ во Врање.

Светскиот Северџанистански Македонски Конгрес · Србија ги повикува Македонците во Србија да го поддржат Градскиот одбор на Демократската партија на Македонците во Врање и председателот Александар Божиновски.

Светскиот Северџанистански Македонски Конгрес · Србија очекува Македонското здружение “Гоце Делчев“ од Врање да го поддржат на Градскиот одбор на Демократската партија на Македонците во Врање и претседателот Александар Божиновски.

Светскиот Северџанистански Македонски Конгрес · Србија го повикува народниот херој во Србија од Владичин Хан со македонско потекло Драгутин Димчевски да се вклучи во активностите на Демократската партија на Македонците во Србија.

Светскиот Северџан Македонски Конгрес · Србија смета дека само со политичка организираност на Македонците во Србија ќе се спречи асимилацијата и ќе го добиеме заслуженото место во српското општество гарантирано и со Уставот на државата Србија, како што е случај со сите национални малцинства кои со политички партии станаа важен фактор во развојот на државата Србија.

Светскиот Северџанистански Македонски Конгрес · Србија оценува дека Македонците ќе придонесат за развојот на државата Србија, како што тоа го правеа и досега до дисолуцијата на поранешна СФР Југославија.

Повеќе на тема – Македонски национален фонд на Македонците во Македонија и иселеништвото