Песна ви пеам Македонци
со зборој нашински.
Песна за егејско чедо
на Македонија.
Македонка мајка ме роди
клетва ми остави :
Расти и бори се чедо
за Македонија.
Родена сум во Кукуш,
тирански мачена,
нога и рака исековте,
очи извадовте.
Македонка мајка ме роди
клетва ми остави :
Расти и бори се чедо
за Македонија.
Името лично македонско
не си го менувам,
внука сум јас на Гоце,
кукушанецот.
Македонка мајка ме роди
клетва ми остави :
Расти и бори се чедо
за Македонија.
Македонка со знамето од Еге.
Повеќе на тема – Македонци