SolunFM

Ботови

Продавам ботови, прв сопственик, регистрирани во април, мај и јуни минатата година. Пали вози. Малку користени, најчесто за јачање во коментари, споделување статуси за поголем органски досег и за одбрусување на неистомисленици.

Маана им е тоа што не се сервисирани редовно, што следат ист патерн (лесно се детектираат) и што коментираат генерички на секоја објава. Ама, успешно заменуваат блокирани жители кои всушност сакаат да дадат реален осврт на состојбите во коментари.

Каков фејл