SolunFM

Марионетската влада во Македонија продолжува со влошување на билатералните односи со Русија.

Светски Македонски Конгрес

16 септември 2023 година, Москва, Русија – Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро ја осудува одлуката на Македонското министерство за надворешни работи од 12 септември 2023 година за прогласување за непожелни (persona non grata) во Македонија на тројцата руски дипломати – Александар Рождественскиј прв секретар за политички прашања, Игор Хопрјачков втор секретар за политички прашања и Станистав Попов аташе за административни прашања.

Слика од архива: Руска амбасада во Скопје, Македонија.

Светскиот Македонски Конгрес одлуката на Македонското министерство за надворешни работи за прогласување за непожелни (persona non grata) во Македонија на тројцата руски дипломати ја оценува за неодговорен и непријателски чин, во спротивност со традиционално добрите македонско-руски билатерални односи.

Светскиот Македонски Конгрес апелира до марионетската Владата на Македонија да го прекине продлабочувањето на овој негативен тренд во македонско-руските односи, имајќи предвид дека претходно Македонското министерство за надворешни работи на 4 мај и на 18 мај 2021 година протера двајца руски дипломати, на 28 март 2022 година протера пет руски дипломати, а на 15 април 2022 година протера уште шест руски дипломати.

Светскиот Македонски Конгрес одлуката на Македонското министерство за надворешни работи ја смета за неприфатлива, антидржавна, антиисториска и антимакедонска, одлуката на марионетската влада за протерување на уште тројца руски дипломати од Македонија не е волја на Македонците по род и државјанство.

Светскиот Македонски Конгрес изразува загриженост за заштита на интересите на неколку десетици илјади Македонци кои живеат и работат во Русија, поради можно затворање на Македонската амбасада во Москва.

Светскиот Македонски Конгрес укажува дека Македонија нема интерес од продлабочување на Студената војна помеѓу Западот и Истокот, Македонската Влада не смее да ја вовлекува државата Македонија во американско-рускиот глобален судир. За Македонците важи мотото: Македонија нема вечни пријатели, Македонија нема вечни непријатели, Македонија има вечни интереси. Македонските интереси не се против Русија и Русите. Македонците и Македонија не се непријатели на Русите и на Русија. Евро-атлантската соработка не значи русофобија, ниту пак евро-азиската соработка претставува непријателство кон НАТО и Европската Унија.

Имајќи предвид дека светот се развива мултиполарно, а американскиот унилателаризам и европскиот центризам се трајно минато свршено време, Македонски државен интерес е активен мултилатерализам и соработка со сите, од пријатели никогаш доста, но врз основниот принцип на меѓународното право на суверена еднаквост, што значи: взаемно разбирање и почитување, соработка со сите по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи на суверените држави, и реципроцитет во меѓусебните односи.

Македонија има државен интерес за унапредувањето на македонско-руските односи, не заборавајќи дека Русија е една од првите земји која не’ призна под државното име Македонија уште на 4 август 1992 година, Русија е постојана членка на Советот за безбедност на Обединетите Нации, руското описменување и покрстување доаѓаат од Охрид од Македонија.

Светскиот Македонски Конгрес очекува натамошно унапредување на братските односи меѓу Русите и Македонците и помеѓу Русија и Македонија.

Светскиот Македонски Конгрес ја поттикнува Македонската влада на билатерална и мултилатерална соработка со Русија, а не на заострување на односите и конфронтација со неа, поради други и туѓи интереси на Македонците.

Светскиот Македонски Конгрес апелира до Владата во Москва да не ја впишува Македонија на листата на земји непријатели на Русија, ниту да возвраќа со реципрочни мерки на ембарго, поради антируските мерки на марионетската влада во државата Македонија, во спротивност со интерсите на Македонците.

Повеќе на тема – БРИКС го менува светот