Благоја Шамбевски – 1973 година.
Писмо од австралиската Федерална Полиција до Оделението за Имиграција, Канбера, Австралија, 9-10-1973:
Оделение за Имиграција,
Канбера
Внимание: Секција за Специјални Извештаи
Шамбевски Благоја – Роден 15.7.1921
Југославија
Вашата белешка од 10. 5.73 упатува
Забележано е од вашето претходно писмо дека горенаведениот има подадено молба до вашата канцеларија во Келн, Германија, за виза да ја посети Австралија.
Шамбевски е заведен за сегашен Потпретседател на Движењето за Обединување на Македонија (Д.О.М.). Ова е светско милитантно движење чии Претседател живее во Франција. Шамбевски Потпретседателот живее во Минхен, Германија. Политичкиот Секретар живее во Австралија и Скретарот за Администрација живее во Бремен, Германија.
Шамбевски за прв пат е забележан од оваа Полиција кога во 1972 беше објавено дека е избран за Потпретседател на Македонското Ослободително Движење (Ослободителен Комитет на Македонија – О.К.М.). Нивната цел или според наведената идеологија на оваа организација е “Да се работи и бори за Македонија да се ослободи и запиши како Независна Македонска Држава.
Изгледа постанокот на движењето ДОМ е после неслога во ОКМ која се случи на Светскиот Конгрес на македонски националисти одржан во Германија во април 1972 година. Беше соопштено дека Македонци кои што претходно живееле во Советскиот Сојуз и во државите од блокот на Советскиот Сојуз основале организација во Брисел и го презеле раководењето со ОКМ, и затоа е рожбата на ДОМ.
Од интерес е на оваа држава да се забележи дека обете ОКМ и ДОМ се во нивното ембрио (нивниот зачеток) и нивниот развиток е блиско следен. Главната намера на ДОМ во Австралија е опишана како да има за цел да ги информира помалку запознатите членови од нивната заедница дека комунизмот нема место во нивниот нов дом на слобода, т.е. Австралија. Ова беше образложено за да се спречи ширењето на про-комунистичката пропаганда распространувана од новите доселеници од Југославија.
Во врска со движењето ОКМ, имало обиди за да се воспостави врска меѓу ОКМ и барем една сепаратистичка хрватска група, имено движењето Хрватски Нaродни Отпор (ХНО). Но член од ОКМ изјави дека движењето дошло до заклучок дека хрватските националисти се залагале само за промоција на хрватските интереси на сметка на интересите на другите националности од југословенската федерација. Како резултат на ова не дошло до понатамошни врски меѓу хрватските и македонските националисти.
Како што е наведено претходно обете ДОМ и ОКМ се сметаат да се во нивниот зачеток во Австралија, сепак тие се стремат да створат свое влијание во втемелената мешавина од југословенски дисидентски групи активни во оваа држава.
Според состојбава треба да земите во предвид дека не е паметно да му се дај можност на Шамбевски да ја посети оваа земја, особено со оглед на тоа што тој ја има позицијата во светското движење ДОМ. Додека е забалежано дека тој е со намера да посети роднини во оваа земја, се предлага многу можно е тој да ја употреби визитата за да се забрза темпото на дејствија на ДОМ во Австралија.”
П.С. Шамбевски е убиен во 1974, во Минхен, во хотелот кај што работел. За убиец се имал пофалено, во вид на закана поранешниот удбаш Иван (Ване) Самоилов Петрески, со прекар Џо. Петрески со уште неколкумина други беше инфилтриран во ДООМ преку браќата Јаковлевци (Манојил (Мане) и Гојко), поточно преку удбашкиот центар за Европа, ресторанот “Ново Скопје“ во Берлин, заведен во име на Гојко Јаковлески. Во “самостојна“ Македонија Петрески со децении беше на чело на Матица на Иселеници.
Повеќе на тема – БРИКС го менува светот