SolunFM

Она што ти е свето не го носи со себе на фронтот

Тешки времиња, претешки. Зошто ли мора да биде вака?
Едно е сигурно – СО СЕ се што направиш – го обликуваш светот во кој живееш. Да не забораваме – се сме само не сме небитни. Всушност сме пребитни. А можеби и сме и небитни и пребитни истовремено, а токму тоа е чудото. Зашто се што ќе се случи – веќе е предодредено. Секој наш потег има реперкусија во универзумот (ефект на пеперутката). А тој наш потег е последица на претходни потези (наши и на другите) кои веќе се случиле. Така што, што и да направиш менува се а истовремено не менува ништо. Што мора да се случи – ќе се случи. Дали можеме да го смениме текот на настаните? И да и не. Односно – можеме да ја смениме иднината, секако, со секој потег. Но пак – и тоа е предодредено, самото твое откритие дека можеш да влијаеш на промена на текот на настаните е предодредено од нешто што претходно си го прочитал или слушнал, значи од нечиј туѓ потег. А токму тоа е магијата на постоењето. Виновен си за се – и не си виновен за ништо.


Од далечна перспектива – никој не е крив, а истовремено никој не е за осуда. Everything and everyone is meant to be. Секој морал да се роди и да постои, за некоја поголема цел, секој човек и секој дел од природата.
Со практичен пример – да речеме дека земјата е само едно огромно животно, а ние сме микро-организмите кои живеат на неговата кожа 😀 сите различни но сродни, помалку – или повеќе. Ништо не зависи од нас, тоа е огромно животно а ние толку мали. А всушност, зависно од нашиот сооднос при надворешни потези и влијанија, можеме да го излечиме или убиеме животното. Нашата радост и хармонија ќе го излечи (како на пример размножувањето на добри, заштитни бактерии) нашиот гнев и омраза ќе го убие (размножување на лоши, деструктивни). Тука, да го земеме предвид и електромагнетното поле на животното (земјата), со кое исто сме во сооднос. Ако е силно и здраво – самото ќе се избори. Ако е нарушено од нешто – ќе потфрли. Значи, ние сме во сооднос со земјата во сооднос со надворешните (пр. тнр. космички) нејзини влијанија. Што значи – и Земјата и се друго е битна и истовремено небитна. Но сепак, затоа што Е – затоа е битна. Затоа што СИ – затоа си битен (TO BE).
Поентава ми беше – како да знаеш кој потег е добар а кој лош, односно како да влијаеш на креирање на подобар свет околу себе? Живеј за убавото. Давај енергија само на убавото. Не на делење правда – на убавината. Дели правда со мирно срце и душа. Зашто што значи давање енергија? Првенствено, тоа значи инволвирање на срцето и душата.
Затоа – бори се против злото и неправдата, но само со разумот и логиката, прагматично, практично. Со “ладна глава”. Не со срцето и душата, не дозволувај од толку длабоко да црпиш. Од таму црпи само за убавото, за божественото, од таму “вложувај средства” само во “инвестиции” со загарантирана добивка – во игра, песна, танц, во уметноста, во градината што ја садиш, во храната која ја подготвуваш, во блиските сакани, во другарствата – размена на енергија со убава личност – (па дури и да молчите заедно – бирај со внимание), во се што е прекрасно и има цел да облагороди и подигне некого.
Енергијата (срце и душа) никако, ама никако не ја давај во борба против некакво зло. Зашто токму тие се храна негова. Ѓаволот има многу адвокати – затоа ти биди адвокат на Бога. Биди профи, кај адвокат не сме да има емоции и лигавење. А за убавото – таму биди на Бога другар, фамилија, не адвокат.
И така, се е и ќе биде како што мора да биде.
Заради тебе. Бог не суди. Бог само љуби.
Ти си единствениот пред кого ќе одговараш – и сторител и судија, истовремено.

Повеќе на тема – Музика