SolunFM

Првиот осомничен.

Го имаме веќе првиот осомничен ако нешто ја снајде Мими. Гадни, прегадни луѓе живеат на тлово земно. А за оваа засилена гадност се виновни и медиумите, кои уживаат екстра хорор приказни да создаваат без да знаат за деталите во позадина, жедни за сензации и драми. И институциите, што ги нема на терен кога најмногу требаат.

Упатував и упатувам апели за вдомеж на Мими, молк е… А предоцна може да биде. Со животов гарантирам дека Мими нема шанса дете да касне, но дека само сака да си поигра и да си потрчка. Некои луѓе сенешта ќе измислат само за да поттик и оправдание за чинење злостор да им биде.

Иначе на ова исто место пред некоја година се случи прав хорор – отруени ми беа 3 возрасни кротки и стерилизирани кучиња и 5 малечки (2 месеци штотуку направија). На лице место повикав полиција, инспектори, и крим техника, но не стигнаа до сторителот. Ништо чудно дотичниов да е убиецот. Како не де најде мене да ми се заканит вака, инаква приказна ќе беше сега. Оти ова е чиста закана, и уцена, и има основ за кривично гонење со оглед што душево е стерилизирано, чипирано и вакцинирано на трошок на општина Охрид, по што го вративме на место на заловување.

Гадни луѓе живеат особено по селава, прегадни, и пребезбожни (а црква Св. Илија се извишува над селово, за да на Бога катеден ги потсетува, Бог кој и овие бесловесни творби како Мими не по грешка ги створил)… Ама голем е Бог, и праведен е Бог.