SolunFM

Ракетно окно со насочувач

Ова е честитката од МО на Русија кон зачленувањето на Финска во НАТО. Ракетно окно со насочувач.

Финска како воено неутрална држава имаше силен развој и огромна почит во светот. Сиот развој и удобен живот на Финците се должеше на успешната политичка рамнотежа последните 70-на години и својата географија. Така беше до пред две години, кога случајно почнаа да се објавуваат слики и видеа од приватниот и малку развратен живот на финската премиерка Сана Марин која беше строг анти-НАТО политичар. Оправдувањето за радикална смена на курсот беа случувањата во Украина, но токму заложбата на Киев да стане анти-руско НАТО упориште ја доведе таа држава до исчезнување, а посакуваниот воен пораз на Русија од Западот, во Москва се третира како живото-загрозувачки при што токму НАТО базите и земјите во непосредна близина на Русија, како Финска, би биле први за уништување, со сите средства( и нуклеарки) на располагање. Значи никаква смисла нема зачленувањето во воен сојуз кој не само што е анахрон туку атрофиран веќе и се повеќе дифузен, а во очите на Кремљ и сиот слободумен свет, нео-нацистички. Токму Финска па, во ВСВ имаше концентрациони логори на руска територија, како сојузник на нацистичка Германија, што ја крева уште повеќе тревогата во Русија која токму во Украина има за главна цел де-нацификација, па на најмал знак на загроза од Суоми, Русија ќе ги има сите оправдувања за вооружена одбрана на финска земја. Во тековната поставеност на геополитичките напнатости, членот 5 веќе никого не заштитува, напротив многу е можно Пентагон да се повлече од било каква реакција заради сопствена заштита.

Покрај загрозената безбедност со членството во НАТО, Финска се лишува од ефтини суровини и суровини воопшто, образована и ефтина работна рака, ефтини прелети, растечки и нов огромен пазар на глобалниот југ поврзан со Русија, а си најаремува поголеми бесполезни воени издатоци, ја губи сувереноста и можноста за маневри се намалува како и економската потрошувачка моќ на колективниот Запад.

Хистеричното подаништво на Сана, кога дури и четирите фински воза кон Петербург ги укина и ги подари на Киев покрај оружјето,за кое финските тајни служби открија дека голем дел од него завршува кај европските криминалци, не и помогна на финкава да победи на изборите. Таа, модерната лева рокерка ем учителка, загуби од конзервативниот десен земјоделец( сељак џоа) и економист кој иако бил многу по-про НАТО од Сана, сепак обичните финци и оние анти-нато, веруваат дека ќе се грижи подобро за нив на внатрешен план, а за да биде успешен ќе мора да омекне кон Русија пред се’, но и при можното подобрување на односите во иднина со Москва, Хелсинки ќе биде во многу по подредена улога отколку до пред 2 години.

На страна неминовниот пораз на НАТО во Украина и не можноста лажно да се морализира по него, оти вистината за крволочните елити на Запад што го држат својот народ во заложништво, ќе се разлее како солна киселина и врз најголемите русофоби во Финска.

Сепак, како и во секоја држава која не е суверена, која има дип-шит поданичка елита со нула почит кон својот народ и даночници од кои живее, така и во Финска немаше референдум за влез на државата во НАТО. Не дека немаше да успее при безалтернативно русофобна кампања, но, за секој случај. Можеби тоа ќе е единственото оправдување во иднина на финскиот народ кога ќе клечи пред Русите пак, како што коленичеше кога токму Русија ги ослободи Финците од шведската чизма и им створи држава.

Кога Шарл Де Гол своевремено ја посетил Русија, му ја покажале ракетата со посвета “Париж”, по што Франција веднаш истапува од НАТО и бележи одлични остварувања.