SolunFM

За србофилската “Декларација“ на “патриотот“ Љупчо Палевски

За србофилската “Декларација“ на “патриотот“ Љупчо Палевски – за “спасување“ на МПЦ од “признавањето“ на “Вселенската Патријаршија“ од Фанар ( Истанбул ).

Палевски направил “Декларација“ за која бара иљадници потписници за “да ја спасат МПЦ“ од штетното “признавање“ од Фанарот Вартоломеј. Добро. Намерата е за почит.

Но во таа декларација ( точка осум ) за “патриотот“ Палевски исто толку штетното-за-МПЦ српско “признавање“ од нејзината ќерка-црква, која тој ја нарекува мајка-црква, е прифатливо, а со тоа прифаќање Македонците се откажуваат од афтокефалноста на МПЦ од 1967 година и од историските, исконски корени на македонската црква, и прифаќаат нова црква, творба од 2022 година. Со ова имаме ништење на само на “македонската“ црква, туку и ништење на македонската народна историја.

Со нивното ланско “признавање“ на МПЦ, Србите од народ со најстаро рисјанство во Европа не’ направија народ со “најмлада“ црква (од 2022 г.), со “подарени“ “српски“ цркви и манастири во “Северна Македонија“ – се разбира, сето ова е сторено преку велепредавството на Синодот на МПЦ, кој што го лажи македонскиот народ дека тоа “признавање“ морало да биди и дека било добро за МПЦ, како што го лажи народот и за “признавањето“ од вековитиот душман “Вселенската Патијаршија“.

Гледам ( читам пораки ) сеуште многу “патриоти“ му се радуваат на тоа српско “признавање“ како и што му се радуваа( т ) и на “признавањето“ од “Вселенската Патријаршија“ на Фанарот (“Гркот“) Вартоломеј, под името “Охридска Црква на Северна Македонија“ и со право на надлежност “само во границите на Северна Македонија“.

Српското “признавање“ на МПЦ е штетно колку и “признавањето“ од вечниот душман на МПЦ и Македонците, “Вселенската“ фанарска ( про грчка ) црква.

Еве како Србите нè признаваат со нивниот “томос“ за “признавање“ (афтокефалност) на МПЦ:

“Светите храмови и манастири, особено големите светињи од немањичкиот период и од подоцнежни периоди на српско присуство, црковно родителство и културно творештво на тлото на денешна Северна Македонија, како и целокупниот подвижен и неподвижен имот на СПЦ, внатре во нејзините граници ѝ се отстапуваат за користење на новата афтокефална ЦРКВА.“

Историски факт е дека: единствено “Српско“ присуство во Македонија имало само од 1912 година, со поделбата на Македонија меѓу Грција, Србија и Бугарија.

Сè до затворањето на македонската црква ( Охридска Патријаршија ) во 1767, по наредба на Султанот Мустафа Третиот, и нејзиното потчинување под “неговата“ Фанарска црква, скоро сите православни цркви на полуостровот биле под власништво на македонската црква и земјите насекаде биле нарекувани Македонија од православното население – до 19-ти век.

Србите, и сите други наоколу нека лажат за нивното “присуство“, но и самите си се лажат бидејќи имаат баш нивни документи (записи) чија содржина е спротивна на нивните денешни националистички пропаганди/лаги.

П.С. Палевски, кој гледам ме има “бојкотирано“, изгледа по една наша ланска преписка околу “признавањето“ на “Охридска“ од Фанарската “Патријаршија“, на кое отпрвин му се радуваше и го бранеше, дека било добро за нас, бранејќи го со некакви си негови “канони“, а сега распространува “декларација за спас“ од тоа признавање. 🥶

Македонија, очигледно, страда од многуте велепредавници и нивните многубројни велепредавства, но страда и од бројни “патриоти-бранители“ како Палевски.