SolunFM

Граѓанското како антимакедонско

Во Соединетите Американски Држави, граѓаните се Американци, во Франција Французи, во Германија Германци, во Италија Италијанци, во Шпанија Шпанци, во Бугарија Бугари, во Србија Срби, во Албанија Албанци, во Грција Грци и така натаму, но за Владата на Македонија, Македонците се граѓани. Тоа го разбравме уште од посетата на премиерот Зоран Заев на 72 Генерално Собрание на Обединетите нации во Њујорк одржано во 2017 година.

Тодор Петров, претседател на Светскиот Македонски Конгрес

Од Тодор Петров

Владата на Србија на сите што ќе се декларираат за Срби им дава српско државјанство. Владата на Бугарија на сите што ќе се декларираат за Бугари им дава бугарско државјанство. Владата на Грција на сите што ќе се декларираат за Грци им дава грчко државјанство. Владата на Албанија на сите што ќе се декларираат за Албанци им дава албанско државјанство.

Само Владата на Македонија го избриша право на македонско државјанство за Македонците по потекло од Законот за државјанство. Тоа беше услов кој СДСМ го прифати по барање на ДУИ во 2004 година, заради владината коалиција СДСМ-ДУИ.

И конечно, Владата на Македонија, во новата “Национална стратегија за културата 2018-2023“ промовира граѓанска наместо национална култура на Македонија.

Замислете, Министерството за култура во новата “Национална стратегија за културата 2018-2023“ утврди: “Мораториум на субвенционирање на програми и проекти што поддржуваат национализам, ксенофобија, етничка, религиозна и полова дискриминација. Конечната визија во оваа насока треба да биде отворено општество што се спротивставува на сите форми на дискриминација врз основа не само на етничката припадност туку и на сексуалната и друга ориентација. Нашата културна политика ќе го трансформира етноцентричниот артифициелен концепт на политичка манипулација.“

За крај, наградното прашање за Владата на Македонија: Има ли воопшто Македонци во Македонија и во светот, ако за Зоран Заев, СДСМ не е македонска туку најголема албанска партија?

Повеќе на тема – Уништување на фамилијата


Tags: