SolunFM

Обвинителен акт за убиства со умисла за вработени на онкологија

2 септември 2023 година, Скопје, Македонија – Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро ги осудува сите криминални дејствија на вработени на Клиниката за онкологија при Држаната болница во Скопје, кои продавајќи ги скапите лекови против карцином од 2.000 до 4.000 евра за една ампула на црниот пазар на Косово, а третирајќи ги со физиолошки раствор, причиниле ненадоместива штета врз здравјето и животот на македонските пациенти и државата Македонија.

СМК очекува јавното обвинителство и полицијата да ги преземат законските мерки против сите вработени на Клиниката за онкологија при Државната болница во Скопје кои биле инволвирани во инкриминираните дејствија.

СМК смета дека не станува збор само за злосторничко здружение поради финансиски криминал, туку за убиства со умисла и поради тоа бара најстроги казни за сите инволвирани, затоа што наместо да им биде даден, скапиот лек бил продаван, а македонските пациенти примале сосема друга терапија со обичен физиолошки раствор.

Повеќе на темата – Пред две и пол години ќерка ми се лекуваше на клиника за онкологија