SolunFM

За Демократската Партија на Македонците во Србија во „Коалиција за мир и толеранција„

Светски Македонски Конгрес · Србија

26 септември 2023 година, Врање, Србија – Светскиот Македонски Конгрес Србија (СМК Србија) известува дека на 30 септември 2023 година, Демократска Партија на Македонците во Србија и Градскиот одбор за Врање ќе ја промовираат партиската коалиција “Коалиција за мир и толеранција“.

Светскиот Македонски Конгрес · Србија упатува целосна поддршка на претседателот на Градскиот одбор за Врање на Демократската партија на Македонците во Србија, Александар Божиновски и посакува успешна промоција на Демократската партија на Македонците во Србија во “Коалицијата за мир и толеранција“ во Врање.

Светскиот Македонски Конгрес · Србија ги повикува Македонците во Србија да го поддржат Градскиот одбор на Демократската партија на Македонците во Врање и председателот Александар Божиновски.

Светскиот Македонски Конгрес · Србија очекува Македонското здружение “Гоце Делчев“ од Врање да го поддржат на Градскиот одбор на Демократската партија на Македонците во Врање и претседателот Александар Божиновски.

Светскиот Македонски Конгрес · Србија го повикува народниот херој во Србија од Владичин Хан со македонско потекло Драгутин Димчевски да се вклучи во активностите на Демократската партија на Македонците во Србија.

Светскиот Македонски Конгрес · Србија смета дека само со политичка организираност на Македонците во Србија ќе се спречи асимилацијата и ќе го добиеме заслуженото место во српското општество гарантирано и со Уставот на државата Србија, како што е случај со сите национални малцинства кои со политички партии станаа важен фактор во развојот на државата Србија.

Светскиот Македонски Конгрес · Србија оценува дека Македонците ќе придонесат за развојот на државата Србија, како што тоа го правеа и досега до дисолуцијата на поранешна СФР Југославија.

Повеќе на тема – Македонски национален фонд на Македонците во Македонија и иселеништвото