SolunFM

Пред две и пол години ќерка ми се лекуваше на клиника за онкологија

Мислевме дека се лекува, ониј ми го убија детето. Од лесно излечив тип на канцер они со „терапијата„ го хранеле канцерот. Јавно објавувам дека нема да ги оставам да се заташка како се што се заташкува во скапаната држава. Ќе активирам све што е во моја моќ и Ве замолувам сите што можете да помогнете да се вклучите.

Нема да се смирам додека не ги видам сите во затвор доживотен.

Сликава од ангелот мој ја ставам тука да знаете кого го убивте и да ве прогонува како сенка, мир и сон да немате никогаш како моето семејство што нема.

Извор : Дејана Новаковиќ

Повеќе на тема – Обвинителен акт за убиства со умисла за вработени на онкологија