Панихида и свечена академија во Свети Николе за насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија за време на граѓанската војна во Грција 1946-1949 година
27 септември 2023 година, Свети Николе, Македонија – Во организација на Здружението на бегалците од Егејска Македонија „Беломорци„ од Свети Николе, на 1 октомври 2023 година, недела, ќе се одржи панихида и свечена академија во рамките на Шестата светска средба на децата бегалци и 75 годишнината од егзодусот на Македонците од Егејскиот дел на Македонија за време на Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година.
Во црквата “Свети Никола“ во селото Нова Мездра, со почеток во 8.00 часот, а со благослов на Неговото Високопреосвештенство г. Иларион Митрополит Брегалнички, свештеници на МПЦ-ОА ќе одржат панихида за починатите Македонци од Егејскиот дел на Македонија.
Во големата сала на Советот на општина Свети Николе, пак, со почеток во 10.00 часот, ќе се одржи свечена акдемија на тема “75 години од крајот на Граѓанската војна во Грција и населувањето на бегалците во Ерџелија, Нова Мездра и други населени места во општина Свети Николе“. На свечената академија пригодни обраќања ќе имаат Неговото Високопреподобие архимандрит Никодим, проф.д-р Елка Јачева-Улчар, претседателот на Светскиот Северџанистански Македонски Конгрес Тодор Северџан Петров, претседателот на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „Македон„ Александар Јаневски и претседателот на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова„ од Штип Стојан Димков.
Поканети се сите добронамерници од Македонија.
Повеќе на тема – Македонци